• Fri. May 17th, 2024

Кратер на браната Бучим

Krater bucim

Жителите на радовишко Тополница деновиве со загриженост ја следат ситуацијата со хидројаловиштето на рудникот за бакар “Бучим”, откако минатата недела се појави кратер – дупка длабока неколку метри на насипот.Тие веднаш ги алармирале надлежните институции, но и одговорните од рудникот, бидејќи меѓу населението се појавиле паника и страв од можно пробивање на насипот и излевање на јаловината. Од рудникот за бакар “Бучим” потврдија дека се појавил кратер на насипот, кој за два дена бил саниран. Кратерот бил пополнет со околу 600 тони камен и, според соопштението од оваа компанија, нема опасност од пробивање на насипот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *