Македонија

Ковид-19 набавките сѐ уште изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција

Центарот за граѓански комуникации го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од Ковид-19. Изработен врз основа на длабочински мониторинг на 40 постапки за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во првото полугодие од 2021 година. Мониторираните постапки претставуваат 38 % од сите Ковид-19 тендери во периодот на мониторинг. Нивната вредност од 5,7 милиони евра е 36 % од вредноста на сите Ковид-19 тендери во анализираниот период.

Мониторингот ги детектираше следниве клучни проблеми и ризици од корупција:

Цените на набавените стоки се највисоки онаму каде што имало само една понуда или останала само една понуда по исклучувањето на другите во фазата на евалуација. Така, кај набавките на ракавици, онаму каде што имало конкуренција ракавиците чинеле 2,43 денари. Во тендери во кои е добиена само една понуда ракавиците достигнале цена од 11,21 денар.

Најчесто не постои зависност помеѓу цената и количината на набавените производи во смисла на тоа за поголема количина да се постигнуваат пониски цени и обратно. Па така 5.000 респираторни маски Н95 се купувани по цена од 9,73 денари, а 60.000 вакви маски по цена од 41 денар.

Проценетите вредности на набавките често се неколкукратно повисоки од цените добиени на тендерите или од пазарните цени што укажува на нереално планирање на набавките кое може да биде ризично доколку намерно се остава простор за склучување договори по нереално високи цени со што ќе има и доволно пари за корупција.

Во ниту една од мониторираните постапки за јавна набавка не е почитувана законската обврска за детално образложение за потребата од набавката, во смисла на објаснување зошто на институцијата ѝ се потребни конкретните квалитет и количина од предметот на набавка.

Во 20 % од тендерите имало исклучување на понуди, во кои од вкупно 93 понудувачи исклучени се 26, односно 28 %.

Препорачуваме:

Премиерот Заев на работен појадок со стопанственици на Република Словенија: Новите владини економски политики во делот на странските инвестиции се добра средина за развој на бизнис иницијативите од Словенија

Две лица приведени, пронајдена марихуана во акциска контрола во угостителски објекти

Реакција на Никола Димитров

Dimitar Micev