• Sat. May 18th, 2024

Ковачевски: Инвестираме во современа патна инфраструктура

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во изградба на експресен пат Градско–Прилеп, на втора фаза на потегот Фариш–Дреново. Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделена на три делници: Првата делница е Градско-Дреново каде што исто така се одвиваат градежни работи, втората делница е Дреново–Фариш и третата делница е проширување на патна делница од Прилеп до мост на Ленишка Река и изградба на трета лента на патната делница од с. Беловодица до Каменолом Маврово, за што е во тек подготовка на тендерска постапка.

Од почетокот на мандатот, оваа Влада изгради и реконструираше над 1.000 км патишта. Со сите инвестиции, граѓаните патуваат полесно и побезбедно, а компаниите побрзо и поефикасно ги транспортираат своите производи и придонесуваат во економскиот развој на земјата.

-Изградбата на експресниот пат Градско–Прилеп е поделена на три делници: Првата делница е Градско-Дреново каде што исто така се одвиваат градежни работи. Втората делница е Дреново–Фариш каде што сме денеска на увид. Третата делница е проширување на патна делница од Прилеп до мост на Ленишка Река и изградба на трета лента на патната делница од с. Беловодица до Каменолом Маврово, за што е во тек подготовка на тендерска постапка, истакна Ковачевски.

Додаде дека работите на Делницата Дреново- Фариш се очекува да завршат следната година.

-Верувам дека доколку се продолжи со вакво темпо оваа фаза ќе биде завршена и пред рок, што значи дека граѓаните коишто интензивно го користат овој патен правец ќе го скратат времето на патување, а ќе возат по сигурна и безбедна делница. Инаку, на само десет километри растојание во овој појас се градат два тунели, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек  на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор, рече КОвачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *