• Wed. May 22nd, 2024

Костадинов во Љубљана ќе црпи искуства за работата на комуналните и транспортните јавни претпријатија

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов во посета на словенечкиот главен град. Тој во Љубљана ќе ги посети тамошните јавни претпријатија, особено комуналното, со акцент на справувањето со отпадот, јавното претпријатие за транспорт, шелтер-центрите за згрижување бездомни кучиња.

Утре е планирана и средба со градоначалникот на Љубљана.

Според Костадинов искуствата на една од земјите со најразвиен комунален систем се значајни, особено во овој период кога Струмица се обидува да воведе селекција на отпадот, но и да влијае на аерозагадувањето со воведување на електричен јавен превоз.