• Tue. May 21st, 2024

Костадинов: Штетата од вчерашното невреме се седум поплавени подруми

Градоначалникот Костадинов информира дека до општината има пријави за седум поплавени подруми. Тоа е билансот од синоќешното кратко, но силно невреме. Обилниот дожд проследен со град што врнеше околу 20 минути, предизвика голема паника и не толку голема штета. На социјалните мрежи се гледаа парчиња мраз кои пловеа по улиците, а на некои места мразот бил висок околу 30 сантиметри.

Од дождот се поплавија неколку улици во долениот дел на градот, а поради насобраната вода, кратко време беше блокирана улицата Младинска. Градоначалникот Костадинов тврди дека нема простор за грижа, бидејќи, како што изјави за канал ВИС, критичниот дел од улицата Младинска е со нови цевки, заманети се постоечките фи 200 со фи 800, а исчистен бил и трупот на реката Тркања, па водата без застој се слевала во речните корита и каналите надвор од градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *