• Fri. May 17th, 2024

Комисијата за заразни болести не препорача рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на состанокот на Комисијата за заразни болести не е заземен став да се препорачаат нови рестриктивни мерки поради состојбите со ковид-19, но рече дека од Комисијата апелираат граѓаните да се вакцинираат и да ема собирања на семејни прослави и разни други групирања бидејќи вирусот така најлесно се шири.

Во однос на вакцинацијата против грипот која започна денеска, Филипче рече дека нема ризик доколку во исто време се примат вакцини и против ковид-19 и против грипот, независно дали се работи за прва, втора или трета доза на вакцината против ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *