• Fri. May 24th, 2024

(Видео) Колку пострашна маска, толку поуспешен страчинар

Колку пострашна, толку поуспешна маска. Вакво е правилото за Страчинарските игри во Мокриево. Секоја година на Василица, тука се собираат голем број маскирани лица, но главни се страчинарите кои според преданијата шетале по куќите и собирале храна за сиромашните и немоќните

Освен локални групи, гости имаше од цела држава и соседна Бугарија.

Учесниците велат дека овој е период на многу карневали и слични манифестации, па буквално во јануари и февруари живеат под маска.

Страчинарските игри се обновени од 2006 година. За Општина Ново Село, се важен дел за зачувување на традицијата.

Освен игрите, на Василица сепочитува и обичајот пиење греена ракија од ѕвонеците на страчинарите. Живко Спасов секоја година с евраќа од Швајцарија каде работи и живее, за да биде дел од овој настан.

Годинава се сварија околу 80 килограми качамак и се приготвија исто толку килограми домашни колбаси. Традиционален ручек кој се дели на присутните по завршувањето на настапот на маскираните групи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *