• Mon. May 13th, 2024

Kлиматските промени станаа закана по здравјето на луѓето

Главоболки, проблеми со крвниот притисок, влошување на кардиоваскуларните и респираторните болести. Климатските промени станаа закана по здравјето на луѓето.

Климатските промени сe причина за почестите топлотни бранови, задоцнета есен и топли зими. Според стручните лица, несомнено човечкото тело знае како да се прилагоди на промените, но ваквите нагли и драстични временски промени во температурите се предизвик за сите нас.

Најмалку 85 отсто од светското население е под влијание на климатските промени

Професор д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје посочува дека поради актуелноста на климатските појави за првпат била направена студија поврзана со нивното влијание врз човечкото тело.

Студијата покажува дека при нагла промена од ладно на топло, се зголемува бројот на прием на пациенти.

– Ние направивме студија пред неколку години, ги поврзавме високите летни температури со хоспитализации, тоа за првпат го направивме и забележавме дека кога се топлотните бранови имаме зголемен број на прием во болница, од болести кои се поврзани со температурите. Колку поголеми климатски промени, тоа значи и поголеми последици врз човековото тело, вели Кочубовски за МИА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *