• Wed. May 15th, 2024

Кире Пиличев – координатор

ByDimitar Micev

Mar 29, 2023
Кире Пиличев

Кире Пиличев – координатор на секцијата на снимателите при ЗНМ од југоисточниот регион е избран на работниот состанок на снимателите од Македонија кој се одржа во Велес. На состанокот се разговараше за теми кои ги засегаат снимателите – дописници, нивниот статус и условите во кои работат и беа споделени и искуства со кои се соочуваат сeкојдневно.

Покрај вообичаените проблеми со кој се соочуваат како и нашите колеги од Скопје, ние снимателите дописници и сниматели во локални и регионални медиуми се соочуваме и со егзистенцијални проблеми, со тенденција да исчезне овој дел од фелата т.е. сниматели за телевизии. Екстремно ниските примања се повеќе ја прават оваа работа непосакувана од нашите колеги кои прибегнуваат кон други форми на заработка од својот занает, свадби и слично

Кире Пиличев
Кире Пиличев

Од страна на останатите сниматели беше потенцирано дека снимателите – дописници немаат смена и работно време, тоа значи дека му се скратени и можностите за заработка од друга работа. На работниот состанок во Велес каде што присуствуваа сниматели од штипскиот, велешкиот и струмичкиот регион се разговараше и за унапредување на комуникацијата и соработката меѓу снимателите и новинарите.

Кире Пиличев е дел од екипата на ТВ канал ВИС.