• Sun. May 19th, 2024

Ќе врне цела недела

Ќе врене цела недела, велат прогнозите. Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места проследени со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава.

Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Кон крајот на денот и во текот на ноќта појава на снег ќе има и на некои пониски места.

Од пладне ќе дува засилен северен ветер (локално над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени во споредба со вчерашните. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во околните повисоки предели од Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Ваква е прогнозата за цела седмица. Со мали прекини, до ендела ќе биде претежно облачно и врнежливо времето во целата земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *