• Sun. May 19th, 2024

Ќе се вакцинираат и лицата на 60 годишна возраст во Општата болница Гевгелија

By

May 20, 2021

Ќе се вакцинираат и лицата на 60 годишна возраст во Општата болница Гевгелија

200 дози од вакцината „Синофарм“ се

новата пратка која пристигна во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Од денеска, продолжува имунизацијата на граѓаните од Општина Гевгелија и општините за кои е надлежна Болницата Богданци и Дојран, на возраст од 60 години, информираше раководството на болницата. Согласно, инструкциите од Министерството за здравство и намалената возрасна граница за лица од 60 години, па нагоре.

           Вакцинирањето ќе се одвива секој работен ден, од 08:00 до 16:15 часот, по редослед на добиените термини преку системот за пријавување на платформата vakcinacija.mk, во новоотворениот вакцинален пункт, сместен во просториите на поранешното Одделение за кожни и венерични болести.

            Откако е започнато спроведувањето на имунизацијата против КОВИД-19 во Општата болница, досега се вакцинирале вкупно 953 лица над 70 години од Гевгелија, Богданци и Дојран.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *