• Wed. May 15th, 2024

Ќе се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација во општина Гевгелија

Општина Гевгелија ќе продолжи со обновувањето на хоризонталната сигнализација на сообраќајниците во општината.

По распишаниот јавен повик, Општина Гевгелија склучи договор со скопската фирма „Дитас“, која даде најповолна понуда. Годинава, согласно договорот, ќе биде обновена хоризонталната сообраќајна сигнализација на површина од 8.200 метри квадратни.
            Машинското обележување на улици и други површини со хоризонтална сообраќајна сигнализација опфаќа обележување со бела боја на осовински линии, пешачки премини и др. на сообраќајници со асфалтна подлога, на површина од 5.000 метри квадратни, со жолта боја на такси и автобуски стојалишта и успорувачи на брзина, на површина од 1.000 метри квадратнии со црвена боја на други површини, како и обележување велосипедска лента, на површина од 2.200 метри.
            Со обележувањето, согласно Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот, ќе се зголеми прегледноста на улиците и ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, што е приоритет во работата на локалната самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *