• Tue. May 21st, 2024

Ќе остане ли зеленчукот во нивите-Украина ќе увезува од Турција

Неизвесен е пласманот на македонскиот зеленчук и во следната реколта. Трговците велат дека постои договор за коридор на солидарноста помеѓу Турција и Украина, па наместо македонски, во Украина ќе се увезува турски зеленчук по повластени услови. Ова е особено ризично за продажбата на македонските домати и краставици, чијшто најголем купувач досега беше Украина.

Проблеми какви што настанаа со пролетната зелка не се очекуваат, но, сепак можно е да се создадат вишоци на храна во државата. Земјоделците велат дека се исцрпени финансиски ако се има предвид дека најголем дле од површините беа под зелка, а голем дел од неа остана во нивите.

Освен несигурната продажба на зеленчукот, под прашање е и неговото производство за есенскиот и зимскиот период. Цената на репроматеријалите неколкукратно се зголеми последнава година, што македонското производство го прави скапо и неконкурентно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *