• Tue. May 14th, 2024

Ќе нѐ спаси ли времето од греење до ноември?

Дали ќе имаме топла и блага есен или ќе треба уште на почетокот на октомври да се подготвиме за топли ќебиња, џемпери и греење на домовите? Ова е едно од најчесто поставуваните прашања периодов, особено поради стравот од енергетската криза со која е неизвесно колкава ќе биде цената на енергенсите и дали воопшто ќе ги има во доволна количина.

Според есенската прогноза на УХМР, за септември, октомври и ноември годинава се очекуваат просечни температури на воздухот, како и сушна сезона со врнежи под просекот.

– Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа се очекува есенските температури да бидат малку повисоки од просечните. За територијата на Македонија постои поголема веројатност за мало позитивно отстапување на температурите на воздухот (околу +1 степен од просечните). Не се исклучува можноста до крајот на септември да имаме продолжеток на летото, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември. Се пореални се очекувањата дека во есента ќе продолжи трендот на негативни отстапувања во однос на просечните количини на врнежи, како што беше и досега. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има сушна есен и подпросечна количина на врнежи – велат од УХМР.

Предвидувањата на метеорилозите велат дека во октомври не се очекува позначаен пад на температурите кој би донел потреба со дополнително загревање на домовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *