• Wed. May 15th, 2024

Кампања „16 дена активизам против родово-базирано и семејно насилство“ во Струмица

18 жртви на семејно насилство за неполна година побарале заштита во струмичкиот Шелтер за згрижување на жртви на родово базирано и семејно насилство. Жени и нивните малолетни деца таму го нашле спасот од насилството на кое биле изложени во домот. Ги упатила полицијата, центарот за социјални работи или пак, познаници.

Од здружението Скај-плус, кое раководи со Шелтерот, велат дека последнава година бројот на жртви е зголемен за 25%, поради што се размислува тој да биде регионален, да се прошири опсегот на делување во целиот Југоисточен регион.

Најголем број од жртвите се на возраст помеѓу 35 и 45 години, но не е мал бројот на регистрирани случаи и кај младите, па и адолесцентите. Токму затоа млади волонтери денеска делеа материјали со информации за тоа што се претставува насилство, но и каде може да се пријави, поттикнувајќи ги на тој начин своите врсници да ги препознаваат и спречат ширењето на насилство.

Во знак на обележување на 16 денови активизам против родово-базираното и семејното насилство, зградата на општина Струмица викендов ќе светне во портокалова боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *