• Sat. May 18th, 2024

ЈАПОНЦИТЕ МУ СЕ ПОКЛОНИЈА НА НИКОЛА ЃОРЃИЕВ

Јапонци ѓорѓиев

Струмичкиот одбојкарски интернационалец Никола Ѓорѓиев ги доби сите почести од својот колеги од јапонскиот клуб Торај. Тие пред дуелот со ,,Тојода Госеи,, кој го добија со 3:0 во сетови од Коравашики Купот, облекоа црвено жолти маици со негов лик на кој пишуваше ,,Те сакаме Нико,,  и извикуваа Нико! Нико!. Овој гест, јапонците го направија во знак на благодарност за се што направи Никола Ѓоргиев клубот Торај бидејки следната сезона нема да биде дел од овој клуб.

Откако Никола Ѓоргиев го облече дресот на јапонскиот Торај, овој клуб го освои Царскиот Куп и домашнтата титула и сега се наоѓаат пред освојување на Куровашики Купот со што  Торај би направил хет трик од одличја. Најзаслужен за огромните успеси на Торај е струмичанецот Никола Ѓеоргиев кој е предводник и на македонската одбојкарска репрезентација.

Еве го видеото на кое јапонските одбојкари излегоа со маици со ликот на Никола Ѓоргиев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *