• Thu. May 16th, 2024

Јанакиески осуден на две години условна казна за двокатните автобуси

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и двете други лица обвинети во случајот „Дизајн”, своеволно ја признаа вината за кривичното дело, по што добија условна казна од две години затвор, која нема да се реализира доколку обвинетите во следните пет години не сторат ново кривично дело.

Двете лица биле членови на Комисијата за јавни набавки, а според обвинението, осудените фаворизирале економски оператор при набавка на набавка на двокатни автобуси.

Против пресудата странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје, велат од Кривичен суд Скопје.

Воедно, од Судот информираат дека предметот за обвинетиот Игор Јанушев, кој не ја призна вината, продолжува со главна расправа насрочена за 28 март. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *