• Thu. May 16th, 2024

Излезе од печат монографијата „ 100 години ФК Беласица 1922-2022,,

ByВане Трајков

Sep 15, 2022

Деновиве излезе од печат монографијата „ 100 години ФК Беласица 1922-2022, чиј автор е познатиот новинар и љубител на фудбалот Иван Станоевски, кој се до пензионирањето беше постојан дописник на Нова Македонија од Струмица, кој долго години беше сведок на многуте натпревари и успеси на сигурно најпопуларниот клуб од источна Македонија, објави порталот Екипа

Во монографијата прегледно е даден цел историјат на Беласица, која играше и во единствената Втора лига на Југославија, од почеток на формирањето па се до денес, нејзините успеси и падови, од чии редови потекнуваат најпознатите фудбалери од Македонија предводени со легендите Благој Истатов и Васил Рингов, па се до Горан Пандев, Аце Стојков, Горан Попов, Благој Митев, Ванчо Дрвошанов, Томе Семенков, Никола Секулов, Милан Василе…Во монографијата може да се прочита кои беа се интернационалците на Беласица, нејзините тренери, претседатели, обилува со мноштво интересни податоци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *