• Sat. May 18th, 2024

Изградена првата делница од вело патеката во Струмица

Првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов објави дека е изградена првата делница од најавената вело патека. Станува збор за делница во градскиот парк која треба да излегува до булеварот Ленинова. Градежните активности за велосипедската инфраструктура почнаа минатиот месец за време на Европската недела на мобилност при што првиот човек на Струмица кажа дека станува збор за прва делница од 700 метри .

Како што кажа градоначалникот Костадин Костадинов, во наредниот период ќе се градат вело патеки  и на булеварот Ленинова од двете страни во должина од 2,5 километри, на булеварот Маршал Тито 780 метри, Климент Охридски од околу 3 километри.Се планира да има вело патеки и на десетина други улици како што се:  Братство и Единsтво од 600 метри, 24 октомври од 310 метри, на старата чаришија од 700 метри но и на улиците Ѓуро Салај, Сандо Масев, Гоце Делчев, Балакнска но и улиците 4 и 5 во градскиот парк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *