• Sun. May 19th, 2024

Инфлацијата во Македонија ќе зависи и од светските случувања

Неизвесно е како ќе се развива инфлацијата, бидејќи таа зависи од многу фактори, вели поранешниот гувернер и професор Љубе Трпески. Иако се предвидува пад на цените како и на инфлацијата, Трпески вели дека ќе има влијание и развојот на воениот конфликт во Украина.

Освен руско-украинските односи, влијание врз инфлацијата имаат и цените на енергенсите. Нивната стабилизација на светските берзи ќе значи и намалување на инфлацијата.

Економските експерти генералнос е оптимисти дека до крајот на годината инфлацијата во земјава ќе биде едноцифрена бројка.