• Mon. May 13th, 2024

Струмичанец украл фотографии од струмичанки и ги објавувал на сајт за возрасни

Им украл фотографии и ги објавил на порно сајт. Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен струмичанец кој е осомничен дека објавувал фотографии од девојки, кои ги имале објавено на нивните профили на „Фејсбук“, на веб-страница за возрасни.

„Г.С. се сомничи дека во февруари 2020, без согласност од четири оштетени женски лица на возраст од 24, 25, 26 и 38 години, сите од Струмица. Прибавил нивни лични податоци, односно фотографии, кои што оштетените лица ги имале претходно објавено преку нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук. Потоа ги искористил за да ги објави во албуми креирани од негов кориснички профил на сајтот за возрасни ‘xHamster’, информира МВР.

Девојките дознале за фотографиите минатиот месец и го пријавиле Г.С. во полиција.

При претреси на две локации во Струмица, на кои живее и престојува осомничениот, биле пронајдени и одземени мобилни телефони, сопственост на осомничениот Г.С. Тој е приведен во полициска станица, а обезбеден бил и друг доказен материјал од интерес на постапката.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *