• Wed. May 15th, 2024

Идната година земјоделците со бизнис план може да добијат поддршка од 10 илјади евра

Во 2023 година, земјоделците со своите бизнис планови, ќе може да аплицираат за грант од 10.000 евра, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски на прес конеференција

,,За бизнис план во земјоделството е предвиден грант до 600.000 денари. Јавниот повик ќе трае цела година. Земјоделците не мора да брзаат и кога ќе бидат подготвени може да се јават на повикот,, рече Николовски.

Тој уште еднаш потсети дека од наредната година има нов модел на субвенционирање во земјоделството и дека ќе има авансна исплата за што се обезбедени 7 милијарди денари во Буџетот за 2023 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *