• Sun. May 19th, 2024

Гужва на преминот Богородица – се чека до 45 минути за излез од државата

Продолжениот празничен викенд ќе се искористи за патување надвор од државата. Голем број граѓани утрово се упатија кон граничниот премин Богородица. Пет колони се отворени за пропуштање на возила за излез, но и покрај тоа се создаваат километарски редици возила.

Граничарите ги пропуштаат граѓаните во пет колони. Поминувањето оди бавно, а редицата на моменти е километарска.

Според АМСМ, ова е единствениот граничен премин каде е забележана гужва од утринава. На Табановце, Пелинце, Дојран, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално.