• Sun. May 19th, 2024

Грант за обновливи извори на енергија

Грант за обновливи извори на енергија. Грант во висина од 2,4 милиони евра наменет за енергетска транзиција од традиционалните кон обновливите извори на енергија доби денеска Северна Македонија од Германија.

Средствата ќе ги користи „Електростопанство на Македонија” (ЕСМ). Ќе бидат наменети за финансирање на изработката на физибилити студиите и студиите за влијанието врз животната средина за фотоволтаичните електрани во кругот на РЕК „Битола”. Потоа за рехабилитацијата на шест големи хидроелектрани. За ветерниот парк Миравци. За модернизацијата и надградбата на комлексот на подржруницата „Енергетика” во Скопје. Исто така и за соларната топлификација од РЕК „Битола” до општините Битола, Новаци и Могила.

Ќе се финансираат физибилити студиите за релизација на проекти

Грант за обновливи извори на енергија беше потпишан во Владата. Го потпишаа од генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на  KfW банката за Северна Македонија и Косово, Рене Ешеманн. На потпишувањето присуствуваа и премиерот Зоран Заев и германската амбасадорка Анка Холштајн.

– Со средствата ќе се финансира изработката на физибилити студиите. Студиите на влијанието на животната средина и социјалните аспекти на проектите. Без нив ниту еден проект не може да се реализира на терен. Овие средства ќе ни помогнат да ја затвориме финансиската рамка за првите фази на одредени проекти. А тоа ќе го забрза темпото на нивната реализација. Истакна генералниот директор на ЕСМ по потпишувањето на договорот.

Според премиерот Заев, со потпишувањето на денешниот договор земјава е еден чекор напред во исполнување на зацртаните цели. Тоа е предвидено во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година. Исто во имплементацијата на зеленото сценарио како најприфатливо за развој на државата.

– Овие средства се обезбедени преку германската банка за развој. Таа е долгогодишен партнер на нашата земја преку нивните проекти за поддршка на економијата. Овие грант средства ни ставаат на располагање дополнителни 80, 5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетски објекти, истакна Заев. Додаде дека еден од стратешките приоритеи на Владата останува користењето на обновливите извори на енергија и замената на јагленот со природен гас.

Германија ги поддржува зелените инвестиции

Германската амбасадорка смета дека земјава е на вистинскиот пат бидејќи, како што посочи, се поддржуваат зелените инвестиции.

– Во Германија јасно се гледа какви се предностите што ги прави Северна Македонија во енергетскиот сектор. Владата е на вистинскиот пат. Таа се бори за странски директни инвестиции за обновливи извори на енергија. Исто така, поддржува и зелени инвестиции во јавниот сектор на ЕСМ, нагласи Холштајн.

Инвестициските проекти во обновливи извори на енергија што ЕСМ планира да ги реализира во следните пет години се во вредност од 500 до 600 милиони евра. Дел ќе бидат финансирани од сопствени средства. Дел со кредитни линии од европските финансиски институции и дел преку јавно приватно партнерство.

Инвестициите во обновливите извори на енергија е еден од приоритетите на Владата дадени во Нацрт стратегијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *