• Sun. May 19th, 2024

Граничниот премин Ѓуешево затворен

Граничниот премин Ѓуешево затворен поради невремето. Бугарија го затворила граничниот премин со Македонија, а во официјалното соопштение стои дека единствена причина е заради невремето.

Поради лошите временски услови, три гранични пунктови на Бугарија се затворени, од кои еден кон Македонија Ова го соопшти Даниел Иваничков од Агенцијата за патна инфраструктура.

Затворени се контролните пунктови на грчката граница „Кулата“ и „Илинден“, а запрено е и движењето кај Гуешево, кое ја поврзува Бугарија со Северна Македонија.

Според Иваничков, ова создаде одредени потешкотии во чистењето на патиштата во областа на граничните пунктови, бидејќи на бугарската територија имаше густ сообраќај. Редот на камиони на „Кулата“ достигна околу 3 км.Македонија поради пандемијата останува без премин во Грција, односно со затворени граници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *