• Sat. May 18th, 2024

Граѓански новинар: Улиците во Струмица се претворени во еднонасочни поради непрописно паркирани автомобили

Струмичани се револтирани од непрописното паркирање во централниот дел од градот. Велат дека цели улици се претворени во еднонасочни поради возилата коишто се оставаат на необележени места и со тоа се блокира целата сообраќајна лента.

Вакви забелешки има за повеќе делници, а фотографиите коишто стигнаа во редакцијата преку апликацијата Граѓански новинар, конкретно говорат за улицата којашто покрај општината и малиот градски парк оди кон струмичкиот музеј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *