• Sun. May 19th, 2024

Граѓански новинар: Повторно гори депонијата кај Добрашинци

Депонијата кај Добрашинци повоторно е запалена. Струмичани испратија фотографии преку апликацијата Граѓански новинар на кои се гледа силен и густ чад што се крева над локацијата на депонијата.

Ова е чест проблем за струмичани, а особено за жителите на блиското село Добрашинци коишто со години живеат со овој проблем и со неподносливата смрдеа којашто се шири при палење на ѓубрето.

Од јавното претпријатие „Комуналец“ кое ја управува депонијата, велат дека депонијата има чуварска служба, но, површината е огромна и честопати се случува собирачи на стара пластика случајно или намерно да ја запалат депонијата. ОСвен тоа, според „Комуналец“, причина може да биде и самозапалување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *