• Wed. May 15th, 2024

Голем интерес за парцелите од викенд населбата кај Смоларе и Мокрино

Голем интерес за предвидените викенд населби во Општина Ново Село. Околу 35 парцели во близина на населените места Смоларе и Мокрино ги заинтересираа граѓаните кои сакаат да инвестираат во викенд-куќи под Беласица.

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов вели дека општината има голем број посетители од соседна Бугарија и треба да се зголеми сместувачкиот капацитет. Сепак, настојувањето на локалната самоуправа е да се развива еко-туризам што ќе биде во склад со околината, и нема да се прави градежна експанзија на штета на еко-средината.

Главен адут на подбеласичкиот регион се природите убавини-водопадите и густите шуми кои привлекуваат многу посетители од земјава и странство.