• Wed. May 15th, 2024

Гевгелија распиша конкурс на тема „Женски права“ 

Општина Гевгелија, во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ЈОУ Градска библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, распиша Конкурс за есеј и Ликовен конкурс на тема: „Женски права“, како реализација на една од активностите oд Програмата на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите.


            На Конкурсот за есеј на тема: „Женските права во 21 век“, можат да учествуваат ученици од I до IV година во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Есејот не треба да содржи помалку од 350 и повеќе 500 зборови. Да биде напишан во Word, со фонт Times New Roman. Големина на буквите 12 и проред 1.5. При пишувањето да се внимава на почитувањето на правилата за пишување есеј- неговата композиција (вовед, главен дел и заклучок). Да се почитуваат правилата на стандардниот јазик. Мислите да бидат јасно искажани и поврзани со употребата на факти и аргументи. Да се употребува соодветна лексика и стил во согласност со насловот на есејот и да не се користат буквално готови текстови од различни извори. На крајот, есејот да не биде потпишан со име и презиме на авторот, туку со шифра.

Ликовен конкурс


            На Ликовниот конкурс на тема: „Женски права“, можат да учествуваат ученици од VI до IX одделение, во гевгелиските основни училишта. Творбите треба да бидат оригинални и можат да бидат изработени во различни техники, запазувајќи го форматот- Лист од блок бр. 5. Цртежите, потпишани со името и презимето на ученикот и називот на училиштето, треба да се достават во Народниот театар- Гевгелија, до 10 октомври, секој работен ден, од 08:00 до 15:00 часот.
            Ликовните творби и есеите ќе бидат оценети од страна на стручни жири-комиси. За најдобрите ќе следуваат симболични награди. Наградите ќе им бидат доделени на завршната Ликовна изложба „Женски права“ и литературно читање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *