• Sun. May 12th, 2024

Гевгелија ќе почне да селектира отпад

Во наредниот период ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија, во соработка со „Пакомак“ започнува со нов начин на третирање на комуналниот отпад од домаќинствата и правните лица. Проектот опфаќа издвојување-селектирање на: хартија, пластика и лименки од останатиот отпад.

Во првата фаза како Пилот-прект ќе биде опфатен само еден дел од градот, а во наредниот период од страна на Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ ќе се обезбеди по една канта за секое домаќинство.

Исто така, предвидено е во наредниот период да се започне и со интензивна кампања за подигање на свеста на граѓаните за селектирање на отпадот.

Ова е прв чекор од процесот што следува, вели градоначалникот Сарамандов, со цел да се обезбеди соодветно селектирање и собирање на комуналниот отпад, а на тој начин да се обезбеди почиста животна средина.

Пакомак е непрофитна компанија, чија дејност е управување со отпадот од пакување. Целта на компанијата е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државата и согласно со европските регулативи – да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *