• Tue. May 21st, 2024

Гевгелија и УНХЦР потпишаа Меморандум

Гевгелија и УНХЦР потпишаа Меморандум. Во Гевгелија се потпиша Меморандум за соработка меѓу канцеларијата на Високиот комесаријат на ООН (УНХЦР) и Општина Гевгелија од страна на претставничката на УНХЦР во нашата земја, Моника Сандри и градоначалникот Сашо Поцков.

На настанот присуствуваа заменик на министерот за труд и социјала, Енвер Хусејин. Потоа директорот на Општата болница во Гевгелија, Митко Крџев, директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Васка Илиева. Овој меморандум за размена се однесува на најсуштинските области на соработката на општината и УНХЦР. Ја опишува тековната и идните приоритетни области за соработка. Соодветните и комплементарни алатки, капацитетите и експертизата на двете страни можат да бидат оптимизирани и помошта за лицата под мандатот на УНХЦР и локалната заедница може да се подобри.

            – Општина Гевгелија, како што е познато, во периодот 2015-2016 година, поради бегалската криза, преку ноќ се најде во центарот на вниманието. Бегалската криза беше причина низ територијата на општина Гевгелија, од 1 јануари, 2015 до крајот на јуни, 2016 година да поминат 800.000 мигранти. Бројка што сама по себе зборува за последиците од бегалската криза во една мала општина, каква што е Гевгелија.

Но, во одредени моменти беа безбедносно и здравствено загрозени. По уредувањето и отворањето на „Винојуг“ и по неговото профукционирање, состојбата со мигрантите во Гевгелија се подобри. По затворањето на балканската рута, во Прифатниот центар само повремено и кратко престојуваат мал број мигранти.

И понатаму има мигранти

Меѓутоа, на територијата на општината и натаму се случуваат инцидентни илегални преминувања на мигранти од грчка територија, истакна градоначалникот на Општина Гевгелија.Притоа, нагласи дека со потпишувањето на Меморандумот очекува воспоставената соработка да биде унапредена. Со опфаќање на ранливите категории граѓани, на територијата на Општина Гевгелија, на кои помошта секогаш им е добредојдена.

             Претставничката на УНХЦР, Моника Сандри, упати благодарност до граѓаните на општина Гевгелија за гостопримството и отвореноста. Посебно, кога се во прашање мигрантите. Притоа, нагласи дека Општина Гевгелија добро се справи со предизвиците што ги донесе бегалската криза. Додека, пак, Општата болница покажа како треба да се стравува со намнетнатата состојба. Излегувајќи во пресрет на основното човеково право за здравствена заштита.

              – Бегалците се голем предизвик и пречка, но, тие, исто така, претставуваат и можност за развој. Се разбира, доколку општините не се оставени сами на себе. Затоа, наша цел е покрај соработката со Централната власт која е насочена кон подобрување на законодавниот концепт. Паралелно да остваруваме соработка и со локалните самоуправи. Со Меморандумот, се потврдува досегашната соработка на УНХЦР со Оштина Гевгелија,. Но , исто така, се утврдуваат и насоките за натамошна соработка. Било да се работи за техничка помош, помош на НВО и, воопшто, поддршка на општините не само во справувањето со бегалците, туку и со решавањето на другите актуелни проблеми.

              Според заменик-министерот, Енвер Хусејин, Владата на РСМ има континуирана соработка со УНХЦР која во моментот е насочена кон подобрување на законската регулатива. Потпишувањето на Меморандумот, тој го оцени како најдобра потврда за соработката на УНХЦР со локалната самоуправа, покрај веќе воспоставената редовна соработка со Централната власт.

              – Сакам да упатам посебна благодарност до граѓаните на општина Гевгелија кои покажаа посебна грижа и одговорност за време на бегалската криза. Но, и воопшто, кои придонесуваат со ваквиот хуман однос не само кон бегалците, туку и кон ранливите категории граѓани.

              Претставничката на УНХЦР, Моника Сандри и заменик-министерот, Енвер Хусејин, денес, го посетија Прифатниот центар за транзит на мигранти „Винојуг“. Таму беше донирана и опрема од УНХЦР. Таа е за потребите за Министерството за труд и социјална работа во Прифатниот центар. Исто така, УНЦХР донираше здравствена и друга опрема во вредност од 5.000 евра за Општата болница во Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *