• Thu. May 16th, 2024

Фото: Средношколци од Валандово во посета на ТВ Канал ВИС

Средношколци од СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово беа во посета на ТВ Канал ВИС. Во склоп на наставните програми и изучувањето на медиумите како средства за комуникација, гостите се запознаа со начините на кои новинарите стигнуваат до информација, како ја подготвуваат за конечно да биде емитувана на етерот или на дигиталните медиуми.

Истовремено учениците добија насоки како да ги препознаат лажните вести и дезинформации, и да не подлегнат на вести кои не се сработени според професионалните новинарски стандарди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *