• Fri. May 17th, 2024

Фондација Заев лани поддржала десетина хуманитарни и општествени настани

ByDimitar Micev

Mar 30, 2023
fondacija zaev

Фондацијата што ја основаше поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, лани поддржала и била дел од 12 настани од различен карактер. Според извештајот на Фондацијата, најголемиот дел од настаните се хуманитарни. Ме ѓу нив е и испораката на храна за Украина. Со официјален годишен извештај на веб страницата на фондацијата се објавени сите досегашни спроведени акции како и сите приходи и расходи на фондацијата за 2022 година. Од Јуни до Декември 2022 година фондацијата добила донации во вредност од 3.144.000 денари. Целиот финансиски извештај за работењето на Фондација Заев е ставен на достап на јавноста.