• Tue. May 21st, 2024

Фондација Елеуса вечерва организира трибина за зависностите

„Зависност-криза на современиот човек“ е темата на третата трибина што вечерва ќе ја одржи Фондација Елеуса. На трибината ќе зборуваат доктор Васка Митова-специјалист психијатар, Билјана Мицева-социјален работник и психотерапевт, отец Симеон Кантурски-психолог и теолог и Викарниот епископ Стобиски г.Јаков.

Трибината ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ со почеток од 19.00 часот.

Првата трибина на Елеуса се одржа во амфитеатарот во големиот градски парк и беше посветена на „Потполно здравје на младите, духовно и ментално и здрав начин на живот“, додека втората се одржа во големата сала на „Антон Панов“ и на неа се зборуваше за „Родови идеологии“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *