• Sun. May 19th, 2024

Фински искуства како поддршка во креирање и спроведување на автентичен модел на образованието

Согласно сите параметри и показатели кои го одредуваат нивото на квалитет, финскиот образовен модел е еден од најдобрите во глобални размери. Најрелевантен показател се постигнувањата на финските ученици на најпознатите и најпрестижни меѓународни тестирања и натпревари каде тие се секогаш меѓу прворангираните. Тоа е потврда за стекнатите знаења и вештини на финските ученици во тамошните училишта, велат од Министерството за образование.

Додаваат дека Северна Македонија како земја во развој има тенденција да ги следи глобалните образовни трендови, а благодарение на нововоспоставената билатерална соработка помеѓу двете земји, Министерството за образование и наука и другите институциите на системот во државава кои работат во оваа област, добиваат поддршка од финските.

Во таа насока, денес беше организиран и еднодневен вебинар на кој беа споделени фински образовни искуства како поддршка на реформите во основното образование во нашата земја. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *