• Fri. May 17th, 2024

Филипче тврди дека деновиве има помалку хоспитализирани пациенти со ковид-19

Филипче тврди дека деновиве има помалку хоспитализирани пациенти со ковид-19. Министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната координација со директорите на Клиниките, истакна дека деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците.

Сепак, како што вели министерот, подготвени се дополнителни капацитети во болниците низ целата држава.

„Справувањето со овој трет бран, кој е многу силен, е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така“, вели Филипче.

Остануваме претпазливи, заклучува министерот, предупредувајќи дека вирусот е непредвидлив и подмолен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *