• Fri. May 17th, 2024

Филипче очекува ситуацијата да се стабилизира

Министерот за здравство Венко Филипче очекува ситуацијата да се стабилизира. По денешниот редовен состанок на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на клиниките и ковид центрите, министерот на својот Фејсбук профил соопшти дека постепено се намалува бројот на прием на пациенти.

„Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“ напиша Филипче.

Инаку денеска и на 26 април се очекува во државата да пристигнат 20.000 дози од вакцината „Фајзер“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *