• Sat. May 18th, 2024

Федерација на фармери истражуваше, како пандемијата удрила врз земјоделството

Федерација на фармери истражуваше, како пандемијата удрила врз земјоделството.

Центарот за истражување и креирање политики и Националната федерација на фармери спроведоа истражување, колку пандемијата удрила врз земјоделството во Македонија. Посебен фокус во истражувањето е ставен на младите и жените. Во истражувањето се опфатени 70 фармери.

Најголем дел или 40 отсто од земјоделците кои се дел од ова истражување се од Вардарскиот дел на Македонија, односно од Велес, Градско и Неготино, потоа од Југоисточниот дел 20 отсто од испитаниците, или Струмица, Богданци и Дојран, а 17отсто се од Пелагодискиот дел на земјава претежно од Прилеп и Ресен. Истражувањето покажало дека 63 отсто од земјоделците се регистрирани согласно Законот за рурален развој. Најголем дел од нив се индивидуални земјоделци или носители на семејни земјоделски стопанства.     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *