• Tue. May 14th, 2024

Фатени мигранти кај Банско

Полицијата информира дека се фатени мигранти кај Банско. При полициска контрола на возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки пронашла четири лица-мигранти.

Настанот се случил околу 11.30 часот кај селото Банско, а приведен е возачот на возилото Н.А. 35 годишен жител на село Долна Бањица, гостиварско. Тој е однесен во полициска станица. Мигрантите коишто биле затекнати при прегледот се предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“, Гевгелија.

Од СВР Струмица велат дека бројот на фатени мигранти не отскокнува од вообичениот. Сепак, не ја исклучуваат можноста за поголем наплив со затоплувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *