• Sun. May 12th, 2024

Европратеници ќе ги проверуваат наводите за корупција во Бугарија

Група европратеници од денеска е во тридневна посета на Бугарија. Ќе се проверуваат наводите за корупција со управувањето на европските фонсови. Станува збор за делегација на Комитетот за буџетска контрола на Европскиот парламент.

Ќе се испитуваат наводите за злоупотреба на јавните средства и како тие влијаат на финансиските интереси на Европската Унија.

Делегацијата ќе има средби со граѓански организации, истражувачки новинари, високи владини и државни претставници, директно или индиректно вклучени во управувањето со европските фондови во Бугарија, вклучително и министерството за финансии, за земјоделство и внатрешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *