• Sat. May 18th, 2024

Европа да го запре национализмот кај своите членки кои го спречуваат ширењето на Унијата, порача Заев

Отворен Балкан, а не Балкан во војна е нашиот заеднички идентите во кој се обединети европспките вредности.  Ова го истакна поранешниот премиер на Владата, Зоран Заев на панел дискусијата на тема Суверенитет што ја организира франциската амбасада во Македонија. Заев посочи дека на 5 години, по како што рече победата на демократијата над стравот и режимот во државата, на Македонија насилно и е сопрен патот кон ЕУ. Дали овој начин на одлучување во Унијата е механизам за промоција на европските вредности, праша тој.

Воената агресија на Русија во Украина, ја покажа слабоста на ЕУ, но истовремено и решителноста и заедничката акција. Против Русија се воведени голем број санкции, а првпат во историјата Унијата, односно Германија и дава воена помош на Украина.  Европа влегува во нов геополитички контектс во кој место има и Северна Македонија, посочи францускиот амбасадор.

Претседателот на Евроспкото движење во Франција -Ив Бертончини изрази оптимизам за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија во јуни годинава. Според него, Европејците погодени од ковид-кризата и воената агресија во Украина, покажуваат поголема благонаклонетост за обединување на Европа со Западен Балкан. Според него, по втората светска војна и по струдената војна Европа сега е во третиот моментиум на обединување во заедничку суверенитет.

На конференцијата зборуваше и деканот на факултетот за безбедност Никола Дујовски кој посочи дека членството на Македонија во НАТО се покажа како најправилна одлука во контекст на безбедносните прашања кои го тиштат континентот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *