• Sun. May 19th, 2024

Europe House организираше настан на кој младите се качуваа по вештачка карпа

ByЃ. K.

Nov 1, 2023

Група млади луѓе учествуваа на Fit into the future, настан за спорт наменет за изучување на искачување вештачка карпа, кој го организира Europe House Струмица.

Младите дознаа повеќе за овој спорт и добија одговор на прашања од типот: која е потребната опрема за искачување на карпа, какви видови на карпи постојат и кој сѐ може да практикува искачување карпи.

Настанот се одржа во спортската сала на ООУ„Видое Подгорец“ Струмица во соработка со Алпинистички клуб „Скала“.

By Ѓ. K.