• Tue. May 14th, 2024
pari

Oд утре (26.1.2021 година) почнува етапната исплата на јануарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно. Toa со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

– Во вторник, на 26.1.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари.
– В среда на 27.1.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари.
– В четврток на 28.1.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари.
– В петок, на 29.1. 2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

„Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник, 26 јануари. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат. Исто така може да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот. Ова го имавме во предвид со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи“, соопшти МТСП.

Министерството укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Оттаму апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати. Eтапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Инаку од утре пензиите ќе бидат зголемени согласно нивното едначење со трошоците на живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *