• Mon. May 20th, 2024

ЕСМ планира да го зголеми производството на струја за 20% во однос на лани

Да се зголеми македонското производство на електрична енергија. Ова е планот на првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Тој наведе дека годинава планираат да остварат за 20% поголемо производство во однос на ланската 2022 година.

„АД ЕСМ во 2022 година се соочи со предизвикот да менаџира две големи кризи – кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија. Како компанија, можеме да кажеме дека успешно ја извршивме и ја вршиме нашата мисија во ова тешко време – обезбедуваме електрична енергија и топлина за граѓаните, за институциите, за стопанството. Без ниту еден ден рестрикции. Во 2022 година имаме зголемено производство за 27% во споредба со претходната година. Планот за 2023 година е да се зголеми производството на електрична енергија за околу 20% споредено со лани. Успеваме да ги ставиме во функција сите домашни производствени капацитети на електрична енергија, а со тоа се намалува зазвисноста од набавка на скапа струја. Домашното производство е најевтино и затоа го зголемуваме. Дополнително, во време на криза значително ги намалуваме трошоците за производство и непродуктивните трошоци. Така, успеваме да ја задржиме пониска цената на електричната енергија за граѓаните и малите бизниси“-рече Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *