• Mon. May 20th, 2024

ЕСМ испорачува струја од домашните капацитети

АД ЕСМ испорачува исклучиво електрична енергија произведена од домашните капацитети, вели директорот Васко Ковачевски. Кон ЕВН Хоум за потребите на граѓаните и малите потрошувачи се испорачува електрична енергија произведена во електраните на АД ЕСМ, ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, не се увезува струја и нема недостиг. Дополнително, Владата го задолжи ЕСМ да обезбеди електрична енергија и за планираниот процент загуби во мрежа на ЕВН и МЕПСО, со цел да се обезбеди и таа енергија по домашни цени.

Сето тоа се прави со поддршка од Владата на Р. Северна Македонија и со финансиски план, со цел успешно да излеземе од енергетската криза. Засега менаџираме успешно, средствата кои се наменети досега за справување со кризата се значајни, но се многу помали од тоа што е потрошено во земјите од регионот. Активно сме вклучени со сите капацитети за максимално производство на електрична енергија, и за менаџирање и на кризата со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија“., се вели во информацијата на Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *