• Mon. May 20th, 2024

Електродистрибуција ќе има обврска најмалку еднаш на три месеци да ги чита струјомерите

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ќе предложи измени на правилата за снабдување со електрична енергија со кои Електродистрибуција ќе биде обврзана најмалку квартално, односно еднаш на три месеци да ги чита броилата на потрошувачите на електрична енергија наместо еднаш годишно, како што е сега.

Ова е договорено на денешната средба меѓу претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и народниот правобранител, Насер Зибери што се одржа во просториите на Народниот правобранител на барање на омбудсманот.

– Повод за денешната средба е нашата иницијатива за начинот на отчитување на мерните единици кои беа причина за голем број на претставки изминатата година, а кои Народниот правобранител ги констатираше дека граѓаните се жалат на паушално фактурирани сметки за потрошена електрична енергија и неможноста истите да се плаќаат. Затоа покренавме иницијатива да ја видиме регулативата како тоа прашање е уредено и дали во таа насока може да се подобри состојбата за да може на граѓаните да им се олесни товарот кој им доаѓа како резултат на плаќање на сметките за потрошена струја, изјави Зибери по средбата.

Тој нагласи дека за оваа тема се одржаа две средби со РКЕ на кои, како што кажа, им било укажано дека операторот е должен најмалку еднаш годишно да ги отчитува струјомерите за што сметаат дека често пати претставува товар кој особено се појави како проблем при крајот на 2021 година кога дојде до зголемување на цената на електричната енергија.

До омбудсманот во тој период пристигнале околу 90 поплаки. За тоа имало и реакции од здруженијата на граѓани кои се занимаваат со заштита на правата на потрошувачите, а и РКЕ упатила апел до граѓаните да поднесуваат приговори за сметките што ги добиле во тој период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *