• Sun. May 12th, 2024

Единствениот број за итни повици 112 почна да работи на територија на цела држава

Надминати се почетните проблеми со единствениот европски број за итни повици, 112 и сега тој работи на територијата на целата држава. Ова денеска го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој ја нагласи важноста од функционирањето на овој број затоа што заедно ќе се координираат повиците до полицијата, безата помош и противпожарната служба.

Ангелов вели дека овој сектор има за цел да ги прима координира и насочува повиците до надлежните министерства или институции. Односно да ги координира кризните ситуации.

За еден месец, колку што функционира бројот примени се околу 27 илјади повици, или околу 950 дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *