• Sun. May 12th, 2024

Дојранчани изградија игралиште во чест на Емилија Динева

Емилија Динева

Блиските на Емилија Динева, првиот дарител на органи во државата сакаат да се зачува нејзиниот спомен во Дојран со обележување на места кои секогаш ќе ги потсетуваат на големиот хуман гест што го направи нејзиното семејство дарувајќи ги органите. Денеска во Дојран, во близина на нивниот дом се отвори мал спортски центар што го финасираа соседите и пријателите на Диневи.

Семејството на Емилија беше присутно, и се уште со болка говорат за неа. И после две години од нејзината смрт, единствена утеха им е комуникацијата со луѓето што ги примија нејзините органи.

Во центарот на Дојран во градскиот парк е поставен и споменик во форма на две срциња, во спомен и чест на Емилија Динева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *