• Tue. May 14th, 2024

Дојран се подготвува за Илинден

Традиционално, Дојран се подготвува за Илинден, патронот на ова туристичко место. Празникот се слави како заштитник на градот, во чест на црквата Свети Илија која неодамна беше возобновена.

Токму околу Илинден секогаш се и најголемите гужви во градот. Полно е туристи, се користи летниот одмор, а доаѓаат и многу гости од Србија кои продолжуваат на одмор во Грција.

И годинава Дојран се соочува со намален притисок на водата во летниот период, а делови и целосно остануваат без водоснабдување во одредени периоди од денот. Општинската власт апелира за рационално трошење на водата, бидејќи поради туристичката сезона, побарувачката е неколкукратно зголемена. Ваков апел се упатува и за претстојниот празник кога се очекува најголем наплив на гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *