• Fri. May 17th, 2024

Дојран преполн од почетокот на празниците

Од Нова година наваму дојран врие од гости. Полни две недели туристичкото место на југот на земјава живее зимска туристичка сезона. Прпеолни се приватните капацитети, но и хотелите, вели градоначалникот Ангов, кој смета дека вака треба да изгледа Дојран во текот на целата година.

Минатата летна сезона Дојран ги оствари рекордните 100 илјади ноќевања. Според првиот човек на општината оваа бројка може да биде далеку повисока со збогатување на содржините во градот, како што се обновата на археолошките и културните локалитети на подрачјето на Нов и Стар Дојран, но и изградба на нови современи хотели и спа центри каде ќе може да се рекреираат гостите во текот на целата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *